| Ден на побезбеден интернет 2010 во Македонија |
|
|
|
| 08.02.2010 |
|
Метаморфозис го одбележува Денот за побезбеден интернет со потсетување на основните принципи и научни резултати, јавно предавање и учество на јавни расправи. Одбележуваjќи го Денот на побезбеден интернет 2010, Фондацијата Метаморфозис го објави својот официјален Став во врска со улогата на државата во процесот на заштита на децата од ризици при користење на новите технологии со употреба на системи за филтрирање содржини од интернет и системи за категоризација на компјутерски игри. Во соопштението, врз основа на светските искуства и релевантните истражувања, се изнесуваат аргументи со кои се покажува дека државните механизми за блокирање на пристап под било кој изговор раѓаат опасност за загрозување на основните човекови права и во најголема мера се покажуваат неефикасни во остварување на зацртаните цели за заштита на децата. Затоа тие претставуваат попусто трошење на ограничените буџетски средства, за кои е покорисно да се вложат во јакнење на јавната свест, образованието и научни студии. Сите форми на превенција од ризици мора да се засноваат на урамнотежување на потребите за заштита од криминалните дејствија со реално согледување на предностите кои ги носат новите технологии. Едновремено, мора да се воспостават и механизми за транспарентност и отчетност со кои граѓаните ќе имаат директна моќ да спречат или да санираат злоупотреба од страна на надлежните институции. Во рамките на одбележувањето на Денот за побезбеден интернет за 2010 година, во Скопје ќе се одржат следните јавни настани:
Полезни линкови
|