Македонски
Почетна ИКТ Вести ЕДРИ Манифест за јавниот домен

Манифест за јавниот домен PDF Печати Е-пошта
28.01.2010
Нов јавен манифест наречен Манифест за јавниот домен беше објавен на 25 јануари, 2010 година, како документ изработен во текот на последните две години во рамките на КОМУНИЈА, Европската тематска мрежа за дигиталниот јавен домен.

Според мрежата, Јавниот домен осигурува дека принципите на член 27 од Универзалната декларација за човекови права („Секој има право слободно да учествува во културниот живот на заедницата, да ужива во уметноста и да го споделува научниот напредок и придобивките од него“) може целосно да ги практикуваат сите жители на светот.

Во документот се посочени низа општи принципи (започнува со: Јавниот домен е правилото, а заштитата на авторски права е исклучокот), заедно со разни прашања релевантни за денешниот јавен домен, и исто така се наведени препораки за заштита на Јавниот домен и за да се обезбеди дека истиот може да продолжи да функционира на начин кој има смисла - со посебно значење за образованието, културно наследство и научните истражувања.

Манифестот исто така вклучува повеќе прашања релевантни за јавниот домен, кои мора да се решат веднаш. Препораките се однесуваат на намалување на периодот за заштита на авторски права, водејќи сметка за ефектите врз јавниот домен при промена на опсегот на заштитата на авторски права и со препораките се предлага законско санкционирање на секој лажен или измамнички обид за присвојување на материјал од јавниот домен.

Авторите на Манифестот се надеваат дека новиот документ ќе биде прифатен од граѓанското општество како алатка за задржување и промовирање на ова скапоцено општо добро за граѓаните од целиот свет и за идните генерации.

Во документот веќе има список на поединци и организации кои го потпишале Манифестот, но списокот ќе остане отворен за поддршка од секого.

Извор: ЕДРИ-грам „Public Domain Manifesto“ бр. 8.2., 27 јануари, 2010.

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5