Македонски
Почетна ИКТ Вести Македонија Во Собранието на РМ е предложена Декларација за побезбеден интернет

Во Собранието на РМ е предложена Декларација за побезбеден интернет PDF Печати Е-пошта
25.02.2010
На 24 февруари 2010 г., во рамките 39 седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија група пратеници поднесе Предлог-декларација за побезбеден интернет.

Иницијатор на Декларацијата е пратеникот Александар Спасеновски, а меѓу предлагачите се припадници и на власта и на опозицијата: Јани Макрадули, Силвана Бонева, Тахир Хани, Флора Кадриу, Андреј Жерновски и Славица Грковска-Лошкова. Предлог-декларацијата се надоврзува на одбележувањето на европскиот Ден за побезбеден Интернет и консултации со невладиниот сектор, во прв ред со Фондацијата Метаморфозис.

Според предлагачот, „Декларацијата за побезбеден Интернет се носи како чекор кој Република Македонија го презема во процесот на доближување до стандардите и политиките на Европската Унија, како и подигање на стандардот за безбедност и квалитетот на животот на своите граѓани.“

Со декларацијата се посочува неопходноста за понатамошно унапредување на уставните начела на слобода на говорот и творештвото, а истакнувајќи го позитивното влијание на информатичката технологија и Интернет врз развојот на општество базирано на знаење се поттикнуваат различните општествени фактори во своите области „ во согласност со стандардите и праксата на државите-членки на ЕУ и на самата ЕУ, да посветат засилена грижа за создавање побезбедна Интернет околина за децата, меѓу другото и со основање соодветни институции од оваа област, каков што е Центарот за побезбеден Интернет. “

Покрај тоа, предлог-декларацијата вели:

„Тргнувајќи од фактот дека знаењето и образованието се најефикасни средства за заштита на децата од ризиците присутни на Интернет, го поттикнуваме Министерството на Образование и наука во наставните програми за основно и средно образование да воведе содржини кои ќе им овозможат на децата да научат како да се однесуваат и како да се заштитат од безбедносните закани кои постојат на Интернет.

Со документот исто така се повикува Дирекцијата за заштита на лични податоци да ја продолжи и засили својата работа поврзана со заштитата на лични податоци.

Предлог-декларацијата содржи и препораки дека при поставувањето отвотени точки за бежжичен пристап треба „да создадат претпоставки, кои ќе овозможат децата да бидат заштитени од достапност до содржини на Интернет, кои се штетни за нивниот морал и нивното здравје.“ Исто така се препорачува соодветните институции да воведат или прифатат „некои од европските системи на рангирање на мултимедијалните содржини според возраста за која се наменети“.

Целосниот текст на предлогот е достапен на веб-сајтот на Собранието преку линковите дадени претходно во текстот.

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5