| Се одржаа работилниците за дигитално раскажување приказни |
|
|
|
| 31.05.2010 |
|
Од 21 до 28 мај се одржаа две последователни работилници за дигитално раскажување приказни во рамките на Проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, во синергија со претходно извршените обуки во рамки на проектот Социјални медиуми за демократија. На работилниците учествуваа вкупно 39 учесника кои претходно ја поминаа обуката за користење на блогови и социјални медиуми за застапување на каузи. Некои учесници работеа сами, а дел од нив се поделија во групи од по двајца или тројца. Како резултат на двете работилници се креираа вкупно 25 дигитални приказни.Секоја работилница траеше по 4 дена и ја имаше следнава агенда:
Ден 1:
Ден 2:
Ден 3:
Ден 4: Презентација на сите изработени приказни и давање согласност за нивна понатамошна употреба од страна на учесниците „Меѓуетнички соживот???“ - изработена од двајца од авторите на блогот tolerancija.kauza.mk
„Живеј позитивно - БИДИ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ!“ - изработено од авторот на блогот vegetarijanstvo.kauza.mk
„Тетоважите - уметност за восхитување или причина за етикетирање??“ - изработена од еден од авторите на блогот sovremenaumetnost.kauza.mk
„Два пати мисли, еднаш објави“ - изработена од авторите на блогот: novinarstvo.kauza.mk
Работилниците ги реализираше Фондацијата Метаморфозис, а обучувачи беа Ирина Шумадиева и Елена Игнатова. |