| Промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ на Координативната средба за е-трговија |
|
|
|
| 01.04.2011 |
|
На 1 април 2011 г. во Клубот на државни служби во Скопје беше одр жана промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ во рамките на Координативната средба за е-трговија, пред за претставници на е-продавници, процесори на наплати, банки и други чинители од областа на е-трговија. Настанот беше организиран како резултат на соработка помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Фондацијата Метаморфозис во синергија со Проектот за е-Влада на УСАИД. На настанот учествуваа 22 лица, меѓу кои 3 претставници на банки кои нудат услуги за е-трговци (ИК Банка, НЛБ Тутунска и Унибанка), процесорот за наплата Касис, 9 компании кои одржуваат е-продавници (НовЕкспо, Глобал нет, Ексквизит, Акота, Експлоринг Македонија, Скопски пазар, Културна ризница, Фонко - сите од Скопје, како и Аптека „Ирис“ - Струмица), 2 агенции за е-маркетинг (NewMedia.Mk и HTTPool.com.mk), ИКТ комората и НВО еНевладина.Во рамките на настанот Благица Андреева од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го најави скорешното објавување на новиот информативен веб-потрал e-trgovija.gov.mk наменет за потрошувачи и трговци, на кој претставниците на е-продавниците ќе можат и самите да објавуваат вести од оваа област. Преку порталот, МИОА има намера да овозможи промоција на сите електронски трговци од Македонија под еднакви услови. Потреба за информирање од областа на безбедност за граѓаните. Филип Стојановски, програмски координатор од Фондацијата Метаморфозис, го претстави Водичот кој содржи објасненија како се креира политика за приватност преку пренесување на светските искуства од оваа област и урнеци кои може да се прилагодат на потребите на е-издавачите. Тој нагласи дека објавувањето на ПП не е законска обврска, но е важен фактор во креирањето на доверба на корисниците кон давателите на е-услуги, оти го одразува постоењето на функционален интерен систем за заштита на правата на граѓаните. Истражувањата на кои се заснова Водичот укажуваат дека токму е-продавниците се водечка група веб-локации во земјата според примена на политики за приватност. Во текот на дискусијата беше укажано дека некои од банките бараат е-продавниците кои вршат промет преку нив обврзно да воведат вакви политики, што влијае позитивно на повеќе нивоа. |