Македонски
Почетна Активности Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес
Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес PDF Печати Е-пошта
26.09.2011

Фондацијата Метаморфозис е вклучена во проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“, на Националниот демократски институт (НДИ), а со цел да застапува за донесување на закон за справување со електронски и електричен отпад.

Како прва активност од овој проект беше брифинг за проблемот со е-отпадот за пратениците од комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија. Во рамките на проектот се организираа и јавни дебати за нацрт Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во план е создавање на документарец за ситуацијата, опасностите и начинот на третирање на е-отпадот, со цел да се подигне свеста на јавноста за ова прашање.

Овие активности се во согласност и со тековниот проект на Метаморфозис на оваа тема: „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5