Македонски
Почетна Активности Работилница на тема „Е-отпад: Предизвици, обврски, очекувања“
Работилница на тема „Е-отпад: Предизвици, обврски, очекувања“ PDF Печати Е-пошта
31.10.2011

Фондацијата Метаморфозис организира работилница на тема „Е-отпад: Предизвици, обврски, очекувања“ на 4ти ноември во 11 часот, во Стопанската комора.

fb-cover

Работилницата ќе започне со презентации на претставник на Фондацијата Метаморфозис и на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои ќе дадат воведни зборови за предизвиците од отпадот од електрична и електронска опрема (е-отпад), како и законската регулатива во Македонија. Потоа ќе следи дискусија помеѓу присутните за претстојните обврски на Македонија за имплементација на Законот за управување со електричната и електронската опрема и отпадната електрична и електронска опрема, што тоа би значело за компаниите, граѓаните и како тоа може полесно да се спроведе во пракса. Работилницата ќе заврши во 14 часот, со коктел. 

На работилницата ќе има претставници од националните мрежи од Србија, Хрватска и Бугарија, со цел да се пренесат искуствата, предизвиците и методите при справување со е-отпадот помеѓу земјите вклучени во проектот.

Вашето присуство може да го потврдите на Тамара Ресавска по телефон 02/3109 325 или е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . За дополнителни информации ви стоиме на располагање.

Тагови: bewman , weee , е-отпад , закон
 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5