Македонски
Почетна Активности Одржано предавање за политики на приватност за студентите по е-бизнис на Универзитетот Американ колеџ Скопје
Одржано предавање за политики на приватност за студентите по е-бизнис на Универзитетот Американ колеџ Скопје PDF Печати Е-пошта
27.12.2011
Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на интернет, програмскиот координатор на Метаморфозис, г. Филип Стојановски на 23 декември, 2011 г. одржа предавање за политики на приватност за студентите на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Прeдавањето опфати запознавање со законските обврски во однос на заштитата на лични податоци преку претставување на ресурсите развиени во рамки на проектот Иницијатива за приватност на Интернет (Online Privacy Initiative – OPI)  „Заложба за заштита на приватноста“ и Водичот „Како до политика за приватност“.

Во дискусиите по предавањето студентите изразија интерес за законските обврски. Се констатираше на пр. дека политиките на приватност се бараат од банките во Македонија, како предуслов за отворање е-продавница (иако политиките на приватност не се законска обврска).

Ова предавање се надоврзува на серијата презентации одржани во 2011 г. чија цел е зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, во кои спаѓаа презентациите за владини функционери и службеници (1, 2) и четири презентации за претприемачи (3, 4).

Водич: „Како до политики за приватност?“


 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5