| „Виртуелна шенгенска граница“ или „Голем огнен ѕид на Европа“ |
|
|
|
| 09.05.2011 |
|
За време на состанокот одржан во февруари 2011г. на Работничката партија за спроведување на законот во рамки на Советот на Европската унија - форумот за соработка околу прашања како што се борбата против тероризмот, царина и измама, беше даден вознемирувачки предлог да се создаде „Голем огнен ѕид на Европа“ со блокирање на „недозволени“ интернет материјали на границите на блокот со намера „да се предложат конкретни мерки за создавање на единствен безбеден Европски сајбер-простор“. Според предлогот, безбедниот европски сајбер-простор ќе има „виртуелна шенгенска граница“ и „виртуелни точки за пристап“ со што „интернет провајдерите ќе блокираат недозволени содржини врз основа на црната листа на ЕУ“. Групите за граѓански слободи велат дека нема објаснување околу тоа што се „недозволени содржини“ и дека недолжни веб-сајтови рутински се наоѓаат на таквите црни листи. Провајдерите на широкопојасен интернет се загрижени поради овој предлог со кој всушност ќе се наметне цензура на ниво на цела Европа и сметаат дека нелегалните содржини треба да се отстранат уште во изворот со соработка меѓу полицијата и фирмите за интернет хостирање, а не преку блокирање на мрежата кое, како што е лесно да се заобиколи, не е вистинското решение. "Најапсурдно од сè е што и покрај трошоците во име на демократијата, слободата на говор, па дури и економијата, не постои анализа на придобивките или очекуваните придобивки со која креаторите на оваа лудост би докажале дека придобивките се поголеми од трошоците“ , истакна Џо Мекнејми, координаторот на ЕДРи за застапување.
Извор: ЕДРИ-грам „The Virtual Schengen Border or Great Firewall of Europe“ бр 9.9, 4 мај, 2011. |