Македонски
Почетна ИКТ Вести Македонија Барање за понуда: Евалуација на влијание на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“
Барање за понуда: Евалуација на влијание на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“ PDF Печати Е-пошта
15.12.2011

bewman-logoФондацијата Метаморфозис објавува повик со барање на понуди од добавувач на консултантски услуги за евалуација на влијание (external impact assessment) за Проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“ - www.bewman.eu (2010-2011).

Активностите на проектот се во тек (ќе завршат до 29.12.2011), а евалуацијата треба да заврши до 21 јануари 2012 г.

Фокус на евалуацијата е влијанието на активностите врз определената целна група и до кој степен е одговорено на постоечките потреби од дадената област и директно и во поширокиот општествен контекст. При тоа може да бидат опфатени и прашањата на ефективност, продукт и задоволство на корисниците. Покрај јавно достапните податоци, на евалуаторите на располагање ќе им биде архивата на Метаморфозис и проектните партнери БлуЛинк – Бугарија, Замирнет и Еко Кварнер – Хрватска, ПРОТЕКТА – Србија, Компјутер Еид – Велика Британија, персоналот на овие организаци и податоците за контакт на директните корисници од проектот.

Еден од резултатите на евалуацијата мора да бидат и препораки за понатамошни активности (follow up) за задоволување на потребите на граѓаните во потесната област на раководење со отпад од електрична и електронска опрема и пошироката област на заштита на животната средина од влијанието на овој вид на отпад.

На повикот може да учествуваат правни лица – консултантски куќи и невладини организации, како и индивидуални професионални консултанти, со искуство од евалуација на проекти, кое ќе го демонстрираат со портфолио на досегашни сродни активности. Дополнително, искуство во тематските области на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“ ќе се смета како предност.

Секоја понуда треба да содржи писмо за мотивација, концизен предлог-план за спроведување на евалуацијата, како и портфолио на организацијата и CV-а на предвидените евалуатори.

Рок за поднесување на понудите е 23 декември 2011 година во 14 часот, исклучиво по е-пошта на адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

За дополнителни информации и консултации може да се обратите на проектниот координатор Елена Игнатова на фиксен тел. 3109 325 или моб. 075 495 307.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5