| Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија го започнува првиот круг на вработувања |
|
|
|
| 21.12.2011 |
|
Собраниетo на Република Македонија и Агенцијата за администрација се обврзани кон правичност, транспарентност, професионалност и недискриминација во процесот на селекција на кандидатите За повеќе информации, посетете го веб-сајтот на NDI за Македонија или фејсбук-страницата на Парламентарниот институт. Парламентарниот институт (ПИ или Институт), основан како посебна организациона единица во Собранието на Република Македонија, објавува почеток на првиот круг на вработувања за професионалци. Тројцата раководители, од вкупно 25 работни места, ќе бидат избрани во првиот круг на огласување. Преостанатите 22 работни места ќе бидат избрани во вториот круг на огласувње. Институтот, предводен од раководител на Парламентарниот институт е организиран во два главни сектори: Сектор за општи анализи и евроинтеграции и Сектор за едукација и комуникација/за истражувачка библиотека и за законодавна архива. Службата за парламентарно истражување и за информации е заснована на принципите на непристрасност, пристапност и кредибилитет. Во контекст на модернизација на Собранието, целта на новите работни места е да обезбедат кредибилни и независни извори на истражувања и анализа на законите за Собранието, поддршка при професионализација на законодавниот процес и развивање на процес за преглед на законите, како и поврзување на Собранието со меѓународни законодавни тела. Истовремено, неопходноста од професионални и независни извори на анализи и истражувања на законите е суштинска поради евро-атлантските стремежи на Република Македонија. Процесот на пријавување (огласот) за квалификуваните кандидати ќе трае 19 дена, почнувајќи од понеделник, 26ти декември, 2011 до петок, 13ти Јануари, 2012. Описите на работните места и личните квалификации за секоја од позициите се дефинирани со внатрешните собраниски акти, и постапката за селекција и вработување на кандидатите е во согласност со Законот за државни службеници. Изборот на најдобари кандидати ќе се направи врз основа на бодовите за просечен успех од образованието, бодови од испитот за државни службеници и бодови од интервјуто. Сите фази од процесот на вработување ќе бидат мониторирани од Националниот демократски инститит за меѓународни работи (НДИ). Проектот „Поддршка на основањето и развојот на Парламентарниот институт“ е имплементиран од НДИ со финансиски средства обезбедени од грант на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) (3.65 милиони швајцарски франци или 2.99 милиони евра). Проектот за Парламентарниот институт вклучува и техничка поддршка на Собранието и на вработените на Институтот, реновирање на просториите на Институтот и на Собранието, како и набавка на книги, списанија, членарина, хардвер и софтвер. Фондацијата Метаморфозис го спроведува промовирањето преку социјални медиуми како дел од соработката со НДИ. |