| Училиштата и универзитетите во Романија и Молдавија сакаат да користат слободен софтвер |
|
|
|
| 30.09.2011 |
|
Училиштата и универзитетите во Романија и Република Молдавија сакаат да ја зголемат употребата на компјутери со ГНУ/Линукс и почнуваат да го користат Мудл, околина за е-учење базирана на слободен софтвер, по презентациите и практичните демонстрации во август и септември. Неколку универзитетски професори и наставници учествуваа во Летнатата школа за слободен софтвер која се одржа во романскиот град Арад на крајот на август. Меѓу темите на работилниците беа употребата на Линукс и работењето со виртуелни компјутерски околини. Летната школа за слободен софтвер ја организира Факултетот за информатика при Универзитетот Василе Голдис во Арад. Универзитетот беше домаќин на оваа летна школа шест или седум години, на почетокот под наслов „Линукс и околина за виртуелно учење“ а во последните три години позната како „Информатика во замокот“. Во соопштението објавено на 3 септември, Факултетот за информатика ја нарече Летната школа успешна за сите учесници, „мотивирана од желбата да се знае што повеќе за слободниот софтвер и да се поддржи и промовира Линукс, особено во образованието“. Според деканот на Факултетот, професорот Антоанела Наџи, учесниците „ќе придонесат за хармоничен развој на знаењето, неограничен од многубројните комерцијални ограничувања“. Извор: OSOR.eu "Romanian and Moldovan schools and universities eager to use open source" 29 септември, 2011. |