| Европската комисија усвојува мерки за Стратегијата за отворени податоци |
|
|
|
| 12.12.2011 |
На 12 декември, Европската комисија ќе ја усвои Стратегијата за отворени податоци: збир од мерки за зголемување на транспарентноста на владата. Таа ќе се состои од:
Директивата од 2003 година (2003/98/ЕЗ) за повторна употреба на информации од јавниот сектор резултираше со минимална хармонизација и напредок во ЕУ, но сè уште има значителни разлики во националните правила, на пр. за лиценцирање и цени, како и различни практики. Ова резултира со фрагментација во единствениот пазар за производите и услугите базирани на податоци. Покрај тоа, недостатокот на интероперабилност помеѓу ресурсите со информации и недоволната достапност на информациите во машински читлив формат прават да биде невозможно да се остварат целосните придобивки од новите можности за владините податоци во дигиталното време. Европската комисија сега е подготвена да ја ревидира и уште повеќе да ја зајакне својата стратегија за јавни податоци. Комисијата проценува дека информациите објавени од страна на владините организации низ Европа имаат значителен, но во моментов неискористен, потенцијал за повторна употреба во нови производи и услуги. Една неодамнешна студија исто така покажа дека натамошното отворање на информациите од јавниот сектор со дозволување на полесен пристап би генерирало целокупна економска добивка за ЕУ од околу 40 милијарди евра годишно. Европската комисија ќе ја презентира Стратегијата за отворени податоци на прес-конференција, заедно со предлогот за измена на Директивата за повторна употреба на информации од јавниот сектор (главен елемент на регулаторната рамка за повторна употреба) и ревидирана одлука за повторната употреба на информациите на Европската комисија. Извор: Joinup „European Commission adopting measures for Open Data Strategy“ 8 декември, 2011 |