| Слободен софтвер им помага на европските граѓани да поднесуваат претставки до ЕУ |
|
|
|
| 06.02.2012 |
|
Слободниот софтвер OCS на Европската комисија подготвен за нејзината Граѓанска иницијатива, ќе им олесни на граѓаните да поднесуваат предлози за закони до Комисијата, соопштија претставниците на ЕК на конференција во Брисел одржана минатиот четврток. Европската граѓанска иницијатива им овозможува на граѓаните на ЕУ директно да учествуваат во развојот на политиките на ЕУ, повикувајќи ја Европската комисија да поднесува предлози за закони. Иницијативата официјално ја отвори заменик-претседателот на Комисијата Марош Шефчовиќ минатиот четврток за време на конференцијата во Брисел. За да се предложи закон до Европската комисија, групите ќе мора да соберат најмалку еден милион потписи од најмалку седум од 27-те земји-членки. Претставниците на ЕК вклучени во развивањето на овој софтвер се надеваат дека заинтересираните програмери на слободен софтвер ќе создадат мобилни апликации со врски до OCS и дека ќе развиваат софтвер кој ги интегрира друштвените мрежи. За да се намали прагот за поднесување петиции, програмата ISA на Европската комисија (Решенија за интероперабилност за европските јавни администрации) го разви софтверот OCS. Алатката им помага на корисниците да ги снимаат, зачувуваат и поднесуваат потписите. Извор: Joinup.eu „Open source software assists European citizens to petition the EU“ |